- Додека платите на функционерите се зголемија за 78 отсто, просветните работници со мал фонд на часови земаат 12.000 денари месечно.
- Над 90 проценти од вработените во администрацијата земаат плати, кои во просек се помали од 23.000 денари.
- Инфлацијата во Македонија е скоро 20 отсто, додека потрошувачката кошничка изнесува нешто под 50.000 денари.
- Претседателите Доналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг ќе одржат трилатерален самит идната недела во кинескиот град Шенжен, на маргините на собирот на организацијата за Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК).
- Лидерите на САД, Русија и Кина ќе разговараат за нов договор за нуклеарно разоружување. Белата куќа најави дека Трамп ќе го отвори прашањето за нуклеарната закана од Иран.
- Војната во Украина нема да биде на дневниот ред.
- Последниот договор за ограничување на стратешкото нуклеарно оружје на САД и Русија - „Нов СТАРТ“ - истече во февруари. Трамп бара нов договор во кој ќе биде вклучена и Кина.
- „Не очекуваме никаков конкретен договор. Целта на средбата е да се подготви терен за разговори на ниво на шефови на држави“, објави Белата куќа.
- Пред трилатералниот самит, планиран е работен ручек на Трамп со Си. Според извори на Ројтерс, Илон Маск ќе го придружува Трамп во Кина, но нема да учествува на разговорите со Си и Путин.
- Во период од околу четири часа вчера беа откажани сите авионски летови на територијата на САД. Ова е најдолгото општо приземјување на авиони по терористичкиот напад на 11 септември 2001 година.
- Забраната за летови траела од 15.54 до 20.15 часот според локално време. Во тој период, според FlightAware, биле откажани повеќе од 8.500 летови и уште 8.000 биле одложени, вклучувајќи и меѓународни.
- Министерот за транспорт Шон Дафи изјави дека бил преоптоварен постариот систем за комуникација во контролата на летање. „Станува збор за аналогна телекомуникациска опрема. Нашите централи и рутери всушност беа преоптоварени со податоци, па престанаа да работат“, рече Дафи. Според него, на системот му е потребна целосна реконструкција, со проценет трошок од 50 милијарди долари.
- Секретарот за внатрешна безбедност, Марквејн Малин изјави дека нема „апсолутно никакви докази“ дека прекинот бил предизвикан од кибернетски напад. Отфрли и поврзаност со глобалниот прекин во работата на апликации на Микрософт, кој почна во четвртокот.
- Надминувањето на техничкиот дефект ќе предизвикува повремени застои во авионскиот сообраќај уште неколку дена.