Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

F A M I G L I A

22 септември 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Зетот на Али Ахмети бил партнер со бизнисмен кој успеал за 24.000 евра да купи 65% од фирма со обезбедени државни тендери од 112 милиони евра.

  • Куштрим Смајлај, на почетокот на 2022 година направил заедничка фирма со бизнисменот Ерџан Сулкоски и веќе во првата година направиле обрт од 12 милиони евра и профит од околу 2,5 милиони евра.

  • Во истата 2022 година Сулкоски влегол во уште еден бизнис. За 24.000 евра добил 65% од компанијата РКМ, која во тој момент имаше гарантиран бизнис од 112 милиони евра за набавка на мазут за потребите на државните Електрани.

  • Ахмети вика дека зет му сигурно е и со многу други компании, ама не е така: единствен компањон досега му бил Ерџан Сулкоски кој во август годинава му продал својот удел за само 2.500 евра.

извор

Половина скопски објекти не се оданочени

24 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Двојно помалку објекти во Скопје се оданочени од она што е запишано во Катастарот на недвижности, покажа репроценката на недвижности што ја прави Град Скопје во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации.
  • Според податоците во даночната евиденција, на подрачјето на Град Скопје се опфатени околу 17 милиони квадратни метри на недвижности (објекти), додека во евиденцијата на Катастарот се запишани околу 39 милиони квадратни метри објекти.
  • Приходите се делат 50% за Град Скопје и 50% за општината во градот Скопје каде што се наоѓа имотот.
  • Стапката на данок на имот во Градот Скопје изнесува 0.10 % од вредноста на имотот, со дополнително намалување од 50% за објект во кој даночниот обврзник живее, што ја прави најниска во Европа.
извор

Европска бирократија од 47.600 страници

24 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Иако вети дека ќе ги олесни бирократските пречки, законодавството на Европската Унија на крајот од минатата година достигнало нов рекорд од 47.600 страници со регулативи и директиви.
  • Тоа е зголемување од 118% во споредба со 2010 година, според „индексот на бирократија“, изработен од професорот Штефан Вагнер од Универзитетот на Виена.
  • Индексот ги опфаќа сите уредби и директиви што се во сила на 31 декември од дадена година, а кои се донесени самостојно од Европскиот совет или заеднички со Европскиот парламент. Правните акти на Европската комисија не се вклучени. Обемот се мери во стандардни страници од по 1.500 карактери.
  • Ако на основните членови се додадат прилозите со списоци, гранични вредности и технички спецификации, регулативите на ЕУ опфаќаат околу 90.800 стандардни страници.
  • По 2010 година има уште 12.900 страници со нови регулативи за надворешна политика и безбедност – главно списоци со санкции и имиња на лица, компании и стоки. Обемот на регулативи за заштита на природата, на потрошувачите и на здравјето се дуплирал од 4.300 на 9.800 страници.
  • Само Директивата за бучава во животната средина се зголемила за околу 700 страници.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Клековски да не се секира до толку што правиме со наши пари

2

Спремајте се, доаѓа време на слави

Балканштина
3

Правда за Ружа!

Балканштина
4

Патријархатот прво ги осакатува машките

Разно
5

Уште не почнато, гол падна

Фудбал
6

Филип и Јулија, братче и сестриче

Балканштина
7

Во 76,7% од домовите низ Европа нема деца

8

Европска бирократија од 47.600 страници

1

Клековски да не се секира до толку што правиме со наши пари

2

Во 76,7% од домовите низ Европа нема деца

3

Европска бирократија од 47.600 страници

4

Половина скопски објекти не се оданочени

5

Европа чека на инцидент што би оправдал војна против Русија

Свет
6

Зашто Трамп го врати Хуанг во Nvidia

Свет
7

Како ЦИА ја искористи Украина за тајна војна против Русија

Свет
8

Nvidia го врати Хуанг за директор

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Филип и Јулија, братче и сестриче

Македонштина

Во знак на лајк, дигаме прс

Балканштина

Распеани коментари за сармата

Балканштина

Спремајте се, доаѓа време на слави

Балканштина

Правда за Ружа!

Балканштина

Напредни проблеми во бугарскиот јазик

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ете го чарето!

Феноменот БПР (балканска природна реакција)

Замина човекот што умирашe два пати

Планетава се загрева или се лади?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy