- Универзитетската професорка Билјана Ванковска објави дека е разрешена од неплатената позицијата – раководител на Центарот за глобални промени при Филозофскиот факултет, поради конференцијата „Кооперативен мултиполарен систем: Во потрага по нов светски поредок“, што се одржа на почетокот на октомври, оваа година.
- На таа конференција учествуваа еминентни научни имиња од областа на мировните, безбедносните и геополитичките теми, како Јан Оберг од Данска, Веивеи Џанг од Кина, Радика Десаи од Канада, Ричард Саква од Обединетото Кралство…
- Деканот на Филозофскиот факултет, Оливер Бакревски, рекол дека се работи за „некакви чекори и постапки надвор од предвидената процедура“.
- Шокирани од ваквиот потег, поддршка на Ванковска ѝ дадоа професорот по меѓународно право од Принстон, Ричард Фалк, потоа 'кинескиот Фукујама', Веивеи Џанг и други интелектуалци кои учествуваа на светскиот собир во Скопје.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.