Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Данела петти пат менува директор на Водовод

6 август 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Градоначалничката Данела Арсовска го разреши в.д. директорот на на ЈП „Водовод и канализација- Скопје“, Виктор Панчевски. За нов директор го именува Тони Миновски кој е вработен во претпријатието.

  • Панчевски е разрешен по само 6 месеци откако беше поставен на раководната позиција на ова јавно претпријатие.

  • Миновски е петти директор на „Водовод“ за три години мандат на Арсовска. По доаѓањето на функцијата во октомври 2021, таа го назначи Златко Перински, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, но го разреши по кавгата со лидерот Христијан Мицкоски. На местото на Перински го стави Марјан Митовски, а по неколку месеци го смени и него и го назначи Илиевски, кој претходно беше в. д. директор во Зоолошката градина. Во февруари годинава, Арсовска го разреши и Илиевски, иако три месеци претходно му даде менаџерски договор, и на негово место го постави сега разрешениот Панчевски.

извор

Хитлер против Зелински во изборна битка во Франција

20 март 2026
  • Share
  • Post
  • Необичните презимиња на кандидатите го привлекоа вниманието на медиумите во битката за градоначалник на Арси сур Об – историско гратче со околу 2.875 жители во Франција.
  • Градоначалникот Шарл Хитлер, кој се бори за реизбор на функцијата, е фаворит во битката со  Антоан Рено-Зелински. Во првиот круг Хитлер освоил 38% од гласовите, а Зелински 30%. Вториот круг е в недела.
  • Градоначалникот Хитлер, од семејство од Алзас што било жртва на нацистичкиот режим, вели дека никогаш немал намера да си го промени незгодното презиме. „За најблиските, јас сум Месје Шарл“.
  • Неговиот противник има потекло од Полска и нема врски со Украина. Но, гратчето Арцис кај Одеса е наречено според Битката кај Арси сур Об во 1814 година. Го формирале германски војници, кои по поразот од наполеоновите сили емигрирале во Царска Русија.
извор

САД почнаа офанзива за отворање на Ормускиот проток

20 март 2026
  • Share
  • Post
  • САД вклучија нисколетечки авиони и јуришни хеликоптери во офанзива за деблокирање на бродскиот сообраќај низ Ормускиот проток.
  • Генералот Ден Кејн, шеф на Генералштабот на здружените оружени сили, изјави дека авиони А-10 Вортхог и хеликоптери Апачи, вооружени со топови, митралези и ракети напаѓаат бродови, чамци и утврдени ракетни батерии на Револуционерната гарда, која контролира кој може да премине преку протокот.
  • И покрај нападите, се верува дека Иран сè уште има огромни залихи од мини, ракети и чамци скриени во регионот.
  • „Ќе бидат потребни недели за да се достигне точката за безбедни операции во протокот. Дури и тогаш голем дел од иранските средства ќе преживеат“, изјави Фарзин Надими од Вашингтонскиот институт за блискоисточна политика.
  • Кон Персискиот залив плови и американскиот брод „Триполи“ со сили за ограничени интервенции на копно. Бродот носи над 1.600 маринци опремени со авиони и десантни хеликоптери.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Ниски удари

Балканштина
2

Израел и Иран удрија врз најголемите полиња на гас во светот

Свет
3

Мора ли во сè да бидеме последни?

Балканштина
4

Христијанските светилишта во Израел ќе бидат затворени за Велигден

5

Трамп има погубно сценарио за Африка ако не му даде ретки минерали

Свет
6

Кебапство и единство

Балканштина
7

Маливе знаат да ценат

Македонштина
8

Мамдани ја ограничува брзината во Њујорк на 24 км/ч

Урбан
1

Израел и Иран удрија врз најголемите полиња на гас во светот

Свет
2

Христијанските светилишта во Израел ќе бидат затворени за Велигден

3

Трамп има погубно сценарио за Африка ако не му даде ретки минерали

Свет
4

Мамдани ја ограничува брзината во Њујорк на 24 км/ч

Урбан
5

Брисел ја вклучи машината за цензура за изборите во Унгарија

Свет
6

Кафаните ќе треба да направат посебен влез за пушачите

7

Во Македонија рокот на траење е пет години пократок отколку во ЕУ

8

Дронови ја надлетувале базата во која живеат Рубио и Хегсет

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Маливе знаат да ценат

Балканштина

Ниски удари

Балканштина

Мора ли во сè да бидеме последни?

Балканштина

Кебапство и единство

Балканштина

Некои нови миленца

Балканштина

Признајте си

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Лепотице, овој не

На мајка ти и ќерка ти, и слични одбрани на Македонија

Конечно сè е обратно

Менует за трамболина и ѕид

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy