- Откако бугарските национални комплекси се издигнаа на ниво на официјален предуслов за членство во ЕУ (батали тоа владеење на право и слични гачки), сега и Хрватска гледа како истото да го примени за три соседи и потенцијални кандидати на ЕУ.
- По ново Хрватска планира идентично вето на бугарското за Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, кои ќе треба да извршат одредени историски откажувања, промени на Устав и пиши-бриши ако сакаат да припарат рамноправната ем правична Европска Унија.
- Пример во БиХ би се барало воспоставување на хрватски ентитет, на исто ниво со бошњачкиот и српскиот. Црна гора би требала да воведе гарантирани пратенички места за хрватското малцинство и земјата да побара прошка од Загреб затоа што за време на војната во 1990-те, од нејзина територија се бомбардирал Дубровник. Додека од Србија меѓу другото се бара да престане да измислува дека Хрватите убивале Срби во Втората Светска војна и да се откаже од „митот за Јасеновац“.
- Претставничкиот дом на Парагвај ја одби понудената оставка на претседателот Сантјаго Пења за да може да му го одземе имунитетот и да покрене импичмент во Сенатот, што најверојатно ќе заврши со обвинение и судски процес.
- Одземањето на имунитетот било акламативно, вклучувајќи ги и пратениците од неговата партија а на Пења му беше одреден куќен притвор.
- Незадоволни од тоа, демонстранти се собраа пред неговата резиденција, во еден моментиот ја пробија блокадата па Пења итно бил евакуиран во некоја воена база.
- Причина за скандалот е затворањето на најголемата дигитална банка, Уено, која беше ставена под управа на централната банка откако се утврди дека паднала под предвидениот минимум солвентност. Преку три милиони луѓе во Паргвај останаа без своите пари па дополнително ќе бидат обесштетувани.
- Долго откако беше избран на функцијата, претседателот Пења одржувал бизнис релации со сопственикот на банката, групацијата Веласкез.
- Уапсени се група директори во Уено а претстедателот на Централната банка, Карлос Каваљо поднесе оставка. Не е сигурно дека ќе помине само со тоа: поставен е таму пред три години од Пења откако беше прв човек на финансиската компанија која прерасна во Уено.
- Во српскиот дневен весник „Данас“ под псевдонимот „Пријател на студентите“ со месеци беа објавувани текстови со политички и правни совети до студентите блокадери (во периодот пред вонредните парламентарни избори), вклучувајќи предлози за стратегија, формирање експертска влада, отворање кон ЕУ и состав на Студентската листа.
- По изборите, авторот го обелодени својот идентитет: Александар Маршавелски, вонреден професор на Правниот факултет во Загреб но уште поважно, член на хрватскиот совет за граѓански надзор на безбедносно-разузнавачките служби на Хрватска.
- Маршавелски поднесе оставка на таа функција но обелоденуваето на неговиот идентитет ги подгреа сомневањата на довчерашните српски власти дека рушењето на Вучиќ било инструирано од странски центри.