- Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 9,00 ден/лит, додека на безоловниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 9,50 ден/лит.
- Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 9,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8,50 ден/лит.
- Новите цени се:
ЕУРОСУПЕР БС - 95 104,00 денари
ЕУРОСУПЕР БС - 98 106,50 денари
ЕУРОДИЗЕЛ БС - 95,00 денари
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,00 денари
- Државниот секретар Марко Рубио ги отфрли шпекулациите дека размислува да ја напушти администрацијата на Трамп, со цел да ги задржи шансите за сопствена кандидатура за претседател во 2028 година.
- Според извори на Блумберг, Рубио веќе разговарал со претставници во Белата куќа и бил замолен да остане.
- „Отсекогаш ми беше план да работам за Трамп до крајот на неговиот мандат. Ја сакам работата“, изјави Рубио во интервју за „Њујорк тајмс“.
- Белата куќа и Стејт департментот синоќа го отфрлија извештајот на Блумберг како „лажна вест“.
- Рубио упорно одбива да одговори на прашањата дали планира да се кандидира за претседател на изборите во 2028 година. Неколку пати досега јавно го поддржа потпретседателот Џ.Д. Венс: „Тој би бил најдобриот кандидат“.
- Два месеци пред да му заврши мандатот, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом ги преиначи сите 548 смртни казни во сојузната држава во доживотна робија без право на условен отпуст.
- Одлуката е симболична, затоа што Њусом на почетокот на својот мандат во 2019 година воведе мораториум на извршување на смртни казни.
- Калифорнија нема извршено смртна казна веќе 20 години, иако судовите продолжуваат да ја изрекуваат оваа казна за лица осудени за убиство и други тешки кривични дела.
- На два референдуми, во 2012 и во 2016 година, жителите на Калифорнија со тесно мнозинство ги отфрлија предлозите за укинување на смртната казна.
- Околу 2.100 затвореници во САД се соочуваат со погубување. Ако Уставниот суд на Калифорнија ја потврди одлуката на гувернерот, нивниот број ќе биде намален за една четвртина.