Министрите за одбрана и надворешни работи на САД добиле укор од Бајден малку да се стишат, откако јавно изјавиле дека Америка сака Украина да победи и да ја ослабе Русија.
Двајцата министри само што полетале на одделни авиони од Полска по нивната посета во април, добиле конференциски повик од американскиот претседател за да поразговараат околу насловите што излегле од нивните изјави, и за да им каже дека претерале.
„Незадоволството што Бајден првично го пренел во телефонскиот разговор, го одразувало верувањето на неговата администрација дека и покрај првичните успеси на украинските сили, војната со тек на време ќе се сврти во правецот во кој се наоѓа денес: одолговлечен конфликт со мало и константно напредување на Русија,“ пишува Ен-би-си.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.