Горан Момироски и Драган Милосављевиќ, новинари и автори на емисијата Заспиј ако можеш која се емитува на ТВ Алфа, утре се поканети на распит во скопското Јавно обвинителство.
Како што дознава МКД.мк, Обвинителството смета дека новинарите треба да дадат некакво појаснување за она што го објавиле уште на 11 јануари годинава, а се однесувало на безбедносните и разузнавачки структури на Македонија.
Главниот ирански преговарач Мохамед Галибаф го оцени катастрофалниот пораз на републиканците на изборот за Конгресот како јасен знак дека американските граѓани се против војната со Иран.
„Американците рекоа ‘НЕ ЗА ВОЈНА’. Ние ја поддржуваме оваа порака“, изјави Галибаф.
Ако американската влада ја изневери волјата на својот народ за да им служи на меѓународни налогодавачи и уценувачи, ќе сфати дека нашето ’НЕ‘ носи кошмар“, додаде претседавачот на Парламентот на Иран.
Во последните неколку недели пред изборите американскиот претседател Трамп во исто време се закануваше со нови, уште пожестоки напади врз Иран и разгледуваше нова мировна иницијатива за крај на војната. На прашањето дали ќе нареди нови напади уште во текот на оваа недела, одговори: „Ние сме спремни ако треба, но можеби нема да нема потреба“.