- Во Дубаи бил фатен рускиот државјанин осомничен за обид за убиство на рускиот генерал Владимир Алексеев, заменик-шеф на Управата за воено разузнавање (ГРУ) кој е во критична состојба откако беше застрелан пред својот стан во Москва.
- Се работи за извесен Љубомир Корба (65 години) кој преправајќи се дека е од сервис за испорака, со пиштол Макаров испукал три куршуми во Алексеев на скалите пред неговиот апартман.
- Русите тврдат дека Корба дејствувал по налог на украинските тајни служби за да се саботираат мировните преговори кои се водат во Абу Даби во кои е вклучен и Игор Костјуков, шефот на Алексеев.
- За Корба се знае малку; бил директор на украинско-полска фирма со седиште во Украина и соработувал со неколку лица кои денес или се уапсени во Москва или се пребегнати во Украина.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.