Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Артан Груби: Дали некогаш сме биле помоќни во Владата? Никогаш!

2 февруари 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Во четврток ќе го потпишеме договорот со избраната компанија и ќе започнеме со работа со „Бехтел Енка“ за Коридорот 8 , автопат со три ленти со кој ќе ја поврземе нашата држава со Албанија“, рече Артан Груби пред следбеници на ДУИ во Врапчиште.
  • Од сите капитални инвестиции, од општиот буџет од 800 милиони евра, 300 милиони наменети се само за овој проект.
  • „Дали некогаш сме биле помоќни во Владата? Никогаш!“, истакна Груби.
извор

Астронаутите од Артемис 2 се вратија живи и здрави

11 април 2026
  • Share
  • Post
  • Четворицата астронаути на НАСА утрово безбедно се спуштија на Земјата, по десетдневната мисија Артемис 2 околу Месечината.
  • Нивната капсула „Орион“ ги издржа огромните температури од брзото навлегување во земјината атмосфера и се спушти со падобран во Пацификот, покрај брегот на Калифорнија.

  • „Стабилни сме“, објави командантот на мисијата Рид Вајзман. Тој и другите астронаути – Виктор Гловер, Кристина Кох и Канаѓанецот Џереми Хансен, ќе поминат низ неколкудневни детални медицински прегледи. 
  • При влегувањето во атмосферата, екипажот леташе 32 пати побрзо од звукот (побрзо од кој било човек досега), а нивната капсула беше изложена на температура од 2.760 Целзиусови степени – практично беше обвиткана во оган, поради што во критични 6 минути немало никаков контакт со Контролата на мисијата. Падобраните ја намалиле брзината на слободниот пад на 25 километри на час.
  • При мисијата за обиколување на Месечината, екипажот на НАСА стаса  406.778 километри од Земјата, подалеку од кој било човек досега, и направи детални снимки од нејзината „скриена“ страна. 
  • НАСА в година ќе ја спроведе мисијата Артемис 3, во која ќе тестира екипаж со лендери во орбита, како конечна подготовка за мисијата Артемис 4, кое опфаќа спуштање астронаути на Месечината, прв пат по 1972 година. Во трка е со Кина, која планира да испрати свои „таиконаути“ на Месечината до 2030 година.

извор

Новиот шенгенски систем создаде километарски колони за влез во Хрватска

10 април 2026
  • Share
  • Post
  • Новиот европски систем за влез и излез (EES – Entry/Exit System) во земјите од Шенгенската зона создаде километарски колони на границите на Хрватска со Србија и Босна и Херцеговина.
  • ЕЕС почна да се применува од ноќеска на полноќ. За државјаните од земјите од Шенгенската зона нема никакви промени, но од оние од третите земји на границата задолжително се земаат биометриски податоци и дигитално се внесуваат во база на податоци, наместо да се удираат печати во пасошите.
  • Колоните за влез во Хрватска биле дополнително зголемени поради продолжениот викенд и велигденските празници во Србија.
  • На граничниот премин Бајаково биле формирани пет километарски колони од возила, во кои патниците за влез во Хрватска чекале по два часа.
  • На граничните премини кон Босна и Херцеговина се чекало по најмалку еден час.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Жељко им кажа со време

Балканштина
2

По поразот од надворешниот непријател, Трамп отвори војна против внатрешниот

Мислења
3

Новиот шенгенски систем создаде километарски колони за влез во Хрватска

4

Димитријевиќ му се одмазди на тимот кој не веруваше во него

Кошарка
5

Кого би блокирал Гоце на Фејсбук?

Балканштина
6

Не е доцна да се преиспитаме

Балканштина
7

Бугарски роботи се вклучија во предизборието

Балканштина
8

Јаки трпези, јаки амини

Македонштина
1

По поразот од надворешниот непријател, Трамп отвори војна против внатрешниот

Мислења
2

Новиот шенгенски систем создаде километарски колони за влез во Хрватска

3

Астронаутите од Артемис 2 се вратија живи и здрави

4

Израел го уценуваше Клинтон со Левински, којзнае што имаат за Трамп

Мислења
5

Примирјето во Иран им донесе уште 90 милијарди на најбогатите во светот

Бизнис
6

Сајбер-криминалци лани украле 21 милијарда долари од Американците

Интернет
7

Како го натераа Трамп во војна со Иран

Свет
8

Меланија Трамп: Немав никакви врски со Епстин

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Жељко им кажа со време

Балканштина

Бугарски роботи се вклучија во предизборието

Македонштина

Јаки трпези, јаки амини

Балканштина

Не е доцна да се преиспитаме

Балканштина

Шефе, каде да го ставиме знакот за децата?

Македонштина

Кисела Вода има Флет Ајрон, Маџир маало добива Васер Вага

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Што сè ние плаќаме

Олд вејв

Дијалог на денот

Трговска имагинација

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy