Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

60 компании со фиктивни проекти направиле дупка од 3,2 милиони евра во ФИТР

29 октомври 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Средства кои биле наменети за поддршка на иновации и развојни проекти биле злоупотребувани од страна на околу 60 компании. Наместо да ги користат средствата за реализација на проектите тие спроведувале фантомски проекти без конкретни резултати, што резултира со значителна штета на државниот буџет и граѓаните“, рече вд директорот на Фондот за технолошки иновации, Никола Додов. 
  • За дел од нив веќе се поведени постапки за наплата на побарувања пред надлежен извршител, додека дел од нив се во постапка за поднесување на кривични пријави и граѓански парници по кои понатаму ќе постапува надлежното обвинителство, односно надлежните судови. Според нивните наоди, вкупниот износ што овие компании го должат во државниот буџет е околу 3,2 милиони евра.
  • Во врска со 50-те приватните здравствени установи кои добивале средства од Фондот за време на пандемијата, Додов рече дека средствата најчесто биле трошени за набавка на медицинска опрема која недостасувала во државните болници.
  • Додов навел пример со компанија чие раководство, како што кажа, било во непосредна роднинска врска со високи функционери од претходната влада на СДСМ и ДУИ, имало управител кој не само што добивал финансиски средства од Фондот туку бил управител на уште четири други фирми кои исто така имале добиено средства за иновации и технолошки развој.

извор

Питер Тил се мисли поголем милијардер од Папата

5 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Милијардерот и технолошки магнат Питер Тил го обвини папата Лав XIV дека делува како „кинески комунистички агент“ застапувајќи се за регулирање на вештачката интелигенција во неговата серија предупредувања и предвидувања за иднината на вештачката интелигенција и западната цивилизација.
  • Ко-основачот на Пејпал и Палантир предупреди и на опасност од „социјалистички преврат“ во Демократската партија на САД.
  • Питер Тил беше еден од првите кои го поддржуваа Доналд Трамп а беше и ментор на кариерата на ЏејДи Венс.
  • Смета дека со тоа што бара меѓународна регулација на вештачката интелигенција, Папата се става во служба на кинеските интереси. 
  • Во есеј од 2009 година, Тил напиша дека слободата и демократијата не се компатибилни а дека женското право на глас ја направило „капиталистичката демократија“ оксиморон. Ја финансираше кампањата на Халк Хоган против Гавкер (по која медиумот банкротираше) зашто го пишуваа дека е геј.  

извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина
2

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
3

Вимблдонска утопија

Мешано
4

Музеј на современи вазали

Македонштина
5

Одбери ја својата криза на средни години

Мешано
6

Кога Гугл несакајќи ќе ти го документира животот

Видео
7

Горди се што се Американци, ама не се баш сигурни зошто

Разно
8

Дискутабилни совети за бавча

Балканштина
1

Горди се што се Американци, ама не се баш сигурни зошто

Разно
2

Питер Тил се мисли поголем милијардер од Папата

3

Донаторите за салата на Трамп од 400 милиони долари, добиле бизниси од 50 милијарди

Разно
4

Европа станува бастион на цензурата

Медиуми
5

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
6

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

7

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

8

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Дискутабилни совети за бавча

Македонштина

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Македонија до Токио

Далеку е Болоња

Една година off.net.mk

Роџер Еберт за Милчо

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy