Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Олабави.
Од негативна енергија човек може да се чувствува лошо иако лекарските наоди укажуваат дека се’ е во ред и дека непостои реална болест.
На човекот врз кој е извршен некој ритуал може ненадејно да му се слошува, да се чувствува изнемоштено, безволно и безенергично, да ја губи силата секојпат кога ќе сака нешто да направи. Други препознатливи симптоми се појава на паника, необјаснив страв, клаустрофобија и слично.
Од негативна енергија не боледуваат само луѓе туку и станбени простори. Затоа, гатачките велат дека не е доволно само да се исчисти поединецот од зло, туку и неговиот дом, бидејќи црната магија, додека нејзината жртва спие, се шири насекаде низ куќата.
Подобро кажано, една особа може да биде медиум и да пренесува зло во животниот простор, а со тоа непосредно да ги загрозува и другите членови на семејството. Најголема концентрација на негативна енергија се наоѓа во кујната, бањата и спалната соба.
Присуство на магија во домот се воочува по раздразливоста на домашните, постојани кавги и немир, несогласувања меѓу браќата и сестрите или меѓу мажот и жената. Во таа куќа не се чувствува мир и опуштеност, па се случуваат чести дефекти на апаратите, едно по друго се расипуваат, се кршат садови, се губат работи или ненадејно се појавуваат, се чувствуваат чудни мириси.
Уште еден симптом кој е многу карактеристичен за наведеното е дека жртвата чувствува дека секаде се чувствува подобро отколку во сопствениот дом.Каде и да отиде, на гости, во кафана, на работа, било каде – се чувствува опуштено и релаксирано, само кога ќе се врати дома или само што ќе влезе во куќата, одеднаш чувствува нервоза и немир.