Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Убавина и здравје.
Eнергија со која не смеете да си играте
Експертите за фенг шуи веруваат дека секој предмет во себе носи енергија, а чувајќи го дома, таа енергија ја пренесуваме и во својот дом.
Затоа, според нив, треба многу да внимаваме што внесуваме дома и чии подароци ги прифаќаме и ги чуваме.
Се смета дека најлошто нешто што можете да го внесете дома е подарок на завидлива и злобна личност. Тој предмет, според верувањата, брзо ќе внесе караници во домот, па дури и болести, развод…
Се верува дека луѓето што ви завидуваат и воопшто не се среќни поради вашиот успех, семеен или професионален, се први на ред за да ви донесат подарок. Негативната енергија на дарувачот се пренесува и на предмете, кој тивко но моќно дејствува од аголот на вашиот дом.
Како да препознаете предмет полн со негативна енергија?
Доколку сте се почувствувале непријатно при примањето на подарокот или имате чудно чувство секогаш кога ќе го погледнете, фрлете го тој предмет без грижа на совест. Не ставајте го на таванот, во подрумот или слично, само фрлете го. Некои веруваат дека најдобро е овие предмети да се запалат.
Верувајте и’ на вашата интуиција кога се во прашање овие работи!