Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
И покрај тоа што научниците се согласуваат дека големината на машкиот полов орган не е пресудна во сексуалниот однос и дека мажите со просечен пенис можат да задоволат поголем број на жени на планетава, не може да се оспори дека големината е важна за мажите, особено во пубертетот и адолесценцијата, но и за многу жени исто така.
За да добиете научно прифатливо, односно релативно најточен резултат, најдобро е мерењето да го спроведете со линиар и тоа исклучиво во стоечка положба. На резултатите кои ќе ги добиете ако седите ќе влијае аголот на наслонот на столицата, вашата анатомска способност, евентуалниот вишок килограми и слично. Може да се користи и трака за мерење, но линиарот е најдобро решение бидејќи оневозможува било каква отстапка од непрецизност.
Линиарот треба да го поставите бочно од страната на пенисот до коренот. Задолжително притиснете го линиарот до срамната коска, бидејќи масните наслаги во карличниот дел можат лесно да ве доведат до неточен и истовремено помалку задоволувачки резултати, а тоа никому не му е во интерес.
Потоа прецизно измерете ја должината на пенисот до самиот врв. Совршено прави пениси се многу ретка појава, но не постои научно утврден метод за компензирање на закривеноста во резултатите. Научниците препорачуваат, ако сметате дека закривеноста сериозно влијае на добиената цифра, тогаш да посетите лекар.
Обемот се мери на сличен начин, со тоа што секако, неопходно е да се има некоја трака за мерење. Обвиткајте ја траката околу пенисот некаде на средината, не преблиску до коренот, но ни преблиску до врвот, бидејќи со тоа ќе се добијат нестандардни резултати и немојте премногу да стегнете.
Толкување на резултатите
Иако некои научници посочуваат на теорија според која просечната големина на пенисот се разликува во завосност од расата и местото на раѓањето, научната заедница во целина овие тврдења ги отфрлуваат како сензационалистички.
За просечна големина и понатаму се смета 12-15 сантиметри во ерекција, односно околу 9 сантиметри во опуштена состојба, без разлика од која вера, раса или националност сте или од кој дел на планетата потекнувате. Ако се пронајдете во овие цифри, немојте да се разочарате бидејќи спаѓате во огромниот дел на мажите од планетата, што значи дека еволутивно сте надарени за сексуални односи со огромен број жени.