Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Фаланга.
Веќе извесен период Тијана и Милан зборуваат за тоа како сакаат уште едно дете.
Тијана Дапчевиќ веќе извесен период размислува повторно да стане мајка поради што одлучила да оди на вештачко оплодување. Пејачката со сопругот Милан веќе го има синот Вук, но сакаат да го прошират семејството за уште еден член.
„Веќе извесен период Тијана и Милан зборуваат за тоа како сакаат уште едно дете. Со оглед на тоа што пробуваат Тијана да забремени, а не им успева, решени се да пробаат со вештачко оплодување. Тијана нема проблем со тоа и ќе направи се за да остане трудна", изјавила нејзина блиска пријателка.
Тијана во моментов заедно со синот Вук е во Скопје кај нејзините родители, но наскоро заминува за Белград, каде што започнува со подготовки и снимање на новиот сингл, кој треба да излезе наскоро.