Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Мајката на Душко Тошиќ застана во одбрана на фудбалерот поради драмата која се случила во домот на Карлеуша кога наводно пејачката го пријавила сопругот за семејно насилство.
Мајката на Душко тврди дека е упатена во се што се случува и тврди дека нејзиниот син не е насилник.
Николета која живее во селото Орловат ги прокоментира пишувања дека Душко ја удрил Јелена.
-Слушам што се пишува и верувајте ми како мајка воопшто не ми е лесно. Не е вистина дека мојот син удрил некој. Тоа не е точно. Секако, во весниците може да пишува било што, тука ништо не можат, вели Николета за „Српски телеграф“.
По овој повод, се огласи и Душко истакнувајќи дека никогаш не бил насилен и се трудел во секоја ситуација да биде џентламен.