Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Медиа.
Припадничките од понежниот пол кои се дел од естрадата, се почесто промовираат здрав начин на живот, од балансирана исхрана, до редовно вежбање.
Македонската пејачка Сузана Гавазова е активна на социјалните мрежи каде што често објавува како подготвува разни здрави рецепти, па со тоа ги покажува своите вештини во кујна.
Освен што се храни здраво, Гавазова редовно ја одржува својата линија со вежбање, па не е ни чудно што има има одлична фигура на која може да и позавидат многу млади девојки.
Овој пат, Сузе во кусите приказни на „Инстаграм“ сподели фотографија од теретана. Пејачката облечена во спортски хеланки за вежбање ги покажа своите затегнати атрибути.
Пејачката позираше со тегови во рацете, а во фокусот е нејзиниот затегнат задник во црно – бели хеланки.
Потоа, Гавазова објави уште една фотографија од сала за вежбање, а повторно во прв план е нејзината задница.
Најверојатно станува збор за постари фотки на пејачката, но како и да е, кога Сузе се поти, на посилниот пол им годи, а таа со својата витка линија може да им послужи како пример и инспирација на помладите девојки.
Нема сомнеж дека Гавазова редовно води грижа за својот изглед, но и ја одржува кондицијата на ниво.