Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Убавина и здравје.
Ритуалното значење на билките е познато за многу народи, а некои од нив редовно се употребуваат како амајлии за привлекување среќа, љубов и богатство.
Разни обредни употреби има жалфијата, на пример, која поради моќниот мирис и интензивните масла се користи за да се окади куќата. Се смета дека може да ја отстрани негативната енергија и да го освежи просторот, за во него да влезат здравје и изобилство.
Нането често се користи поради здравствените придобивки, а во ритуалите се користи како амајлија за заштита на семејството и неговата благосостојба.
Третата билка што се користи во бројни обреди за привлекување богатство е лаворот. Неговите миризливи ливчиња често се користат како зачин, а имаат и лековити својства. Меѓутоа, според верувањето, треба да го чувате на тајните места во домот, каде што стои вашата заштеда.
Кое било од овие ливчиња треба да ги чувате во паричникот, за постојано да се слеваат пари во него. На секој потрошен денар, ќе добиете три, велат старите верувања, ако трошите паметно и ако го почитувате она што го купувате.
Исто така, парите во паричникот треба да бидат уредно наредени, а од него задолжително исфрлете ги старите сметки и ливчиња. Нив треба да ги чувате во посебна кутија дома, а и неа треба редовно да ја средувате.