Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Инфо7.
Јелена пред некое време замина за Солун со својот дечко и оттаму постојано објавуваше што се случува и со го покажуваше денот. Потоа, Јелена објави дека на шетање се облекла во облеката на дечко ѝ.
Додека наредниот ден, Јелена повторно објави видео како шета со дечкото, фатени за рака и ужива во есенскиот ден.
Кога Јелена и мистериозниот дечко седнаа да ручаат во ресторан, Јелена всушност снимаше како машка рака пробува да откине од парчето леб, но некако не му оди.
Потоа Јелена му рече: „Не се стресирај, нервозен си“ низ смеа, додека дечкото со парчето леб посегна да мацка во еден сос и рече, „Вака правиме ние во Грција.“
Потоа Јелена праша, што е ова, кашкавал, риба, што е, а тој и одговори, „риба, „бејби“, додека целиот разговор се одвиваше на англиски, претпоставуваме дека мистериозниот дечко на водителката е Грк.
Спенџарска даде интервју за Центарот за убавина „Ева“ и зборуваше многу искрено, како никогаш претходно, и откри приказна за своето минато, како порано се барала себеси, не верувала во себе, и како конечно го нашла тоа што го барала.
Сериозно, мене ми требаа години и години работа на себе за да откријам не само која сум туку и што точно сакам од овој живот.
И таа потрага не престанува. Денеска, за себе можам да кажам дека сум една многу среќна и амбициозна жена.
Не верувам толку многу во напорна работа и труд колку што верувам во убава, здрава мисла која може да те однесе каде што ќе посакаш само ако знаеш како да ја одржиш ‘во живот’.
Успеав да допрам до својата внатрешна моќ и сфатив колку сум се потценувала во минатото мислејќи дека нешто не можам, за нешто не ме бива, сум барала погрешни работи на погрешни места, а се’ веќе сум имала и се’ било во мене.
И кога ќе го откриш тоа за себе, бум, се менуваат сите правила на играта.
Имам толку многу планови за себе, толку многу авантури ме чекаат што конечно можам да кажам дека му се радувам на секој ден се повеќе и повеќе! Онака најискрено!“, изјави водителката.
Инаку, Спенџарска пред некое време објави пост каде раскажа една случка кога беше на островот Сејшели на кој многу се здружи со познатата инфлуенсерка Марис Џолин.
Во постот кој го напиша се рас п-л акала и напиша: За ова зборев. Кога ви зборев пред да дојдам дека има шанси да се рас-плачам од убавини, тоа е тој момент!
Овде се враќавме назад на пристаниште, пиевме феноменално вино, слушавме музика и само се препушташ на моментот“, раскажа водителката за овој емотивен момент за неа.
Но, на Сејшели ги исп -лашил и дождот за кој таа вели дека за среќа кратко траел.
Имаше големи бранови, моравме да треcеме зелени и да се смееме. А на никој нe му беше до смешки“, порача водителката и рече дека за крај, во авион им организирале посебен третман, за да уживаат со стил.
На ова патување, таа рече дека се наполнила со позитивна енергија до Нова година.
„Јадевме пиевме, се смеевме, теравме муабети за животот, уживавме во секоја секунда, немам зборови за овој ден, газев по облаци искрено“, порача Јелена.
– Ако ме прашувате мене, ова место ми го зема срцето. Приватна вила во која поминавме три дена. Тука си ја остварив желбата за ноќно капење во океанот, тука едноствено го видов розевото небо во 5 часот наутро, ја јадев највкусната храна…
Пиев шампањ на полна месечина. Некои денови во животот се тотално поразлични од сите останати. Моите беа токму тука“, порача Јелена на стори на Инста до една слика каде што е сликан базенот од приватната вила каде што уживала и ја доживеала оваа романтика.
Јелена денеска се огласи на Инстаграм и на своите обожаватели кои ги смета за блиски им се искажа со еден проблем:
„Сериозен проблем имам, т.е. нека биде проблем за другите, за мене нема да биде проблем, зашто сум поканета на еден настан, треба да се облечам нешто „Spanish style“, у ноември.
Прво јас немам ништо во шпански стил, а денеска сакам да издоминирам во рок. Имав тежок ден, напорен ден и денеска сум така, душата ми е рок, денеска сум рокерка и јас си стаив каиш, си стаив чизми, кожна јакна, баш ми е гајле.
Нека се нервираат другите и ако не им одговара, само нека смеат да ме вратат. Денеска сум рокерка, поздрав до сите рокери што ме следат, не сум расположена за шпански стил.
Јас сум рок ѕвезда, мислам така се чувствувам искрено денеска,“ изјави Јелена која потоа објави фотографија од нејзиниот стајлинг на настанот.