Штип е центар на Светот, сите патишта водат до Метрополата

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Во Штип.

Автопатот Скопје – Штип во должина од 47 километри, инвестиција вредна 206 милиони евра со којшто патувањето на оваа делница ќе се сведе на само 35 минути, треба да биде пуштен во употреба за шест месеци односно до крајот на годинава.

uvid-7
uvid-7

Со овој автопат конечно Источна Македонија ќе се поврзи директно со главниот Град Скопје но исто така ќе се олесни и пристапот на компаниите и граѓаните за побрзо и по ефикасно патување.

Покрај автопатот Штип – Скопје пристапот до Штип е олеснет и со експресниот пат Штип – Велес кој е веќе готов, а исто така започнато е со изградбата на експресниот пат Штип – Кочани, но тоа не е се, за неполни шест месеци треба да започне и изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш.

Со ова поврзување на центарот на Источна Македонија Штип, се отвораат многу можности за Штип и околината, освен олеснување насообраќајот и пристапот има можност за отварање на нови фабрики и подобрување на животот во источна Македонија.

Сега останува уште да се завршти проектот за Аеродромот во Штип и конечно да се сложат сите делови за подобра иднина.

28 мај 2017 - 08:22