Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Гламур.
Бракот на родителите на Александра Пријовиќ се распадна кога таа беше мало девојче.
Нејзините родители Недељко и Борка останале во контакт поради нивната ќерка, но секој од нив избрал да живее свој живот.
Додека Борка е во среќна врска со Фахрудин Буљубашиќ, нејзиниот татко Недељко среќата ја нашол покрај Лела, која стана маќеа на Александра Пријовиќ.
И покрај фактот дека мајката е незаменлива маќеата на Александра Пријовиќ успеа да ја придобие наследничката на нејзиниот сопруг и денес одлично се согласува со Александра.
Маќеата на Александра Пријовиќ, Лела, е во брак со Недељко нешто повеќе од три години, а на нивната свадба гости биле и Филип и Александра, а таа е пресреќна што нејзиниот татко си најде партнерка до крајот на животот.
Александра Пријовиќ денес е една од најпознатите и најбараните пејачки на Балканот, таа пораснала во Бели Манастир, место кое се наоѓа на територијата на Хрватска. И иако е една од оние пејачки кои се трудат да го сокријат своето минато колку што може, сепак тоа не и успева.
Нејзината мајка, која исто така е пејачка, не е толку популарна, но јавноста ја забележа бидејќи е многу слична со својата ќерка.
Пријовиќ е дете на разведени родители, нејзината мајка Борка Михајловиќ и таткото Недељко Пријовиќ се развеле кога пејачката имала само три години.
Инаку, Борка по професија е пејачка која заработувала пеејќи на веселби и кафани. Како самохран родител ја носела својата наследничка на прослави каде што пеела, бидејќи немало кој да ја чува, па така Александра научила стари народни хитови, а талентот за музика го наследила од мајка си.
Александра и нејзината мајка се многу слични. Борка се грижи за својот изглед, а Александра во една прилика изјави дека и должи голема благодарност на својата мајка, бидејќи ја однела на вистинскиот пат.
Неодамна Александра Пријовиќ откри дека разводот на нејзините родители е крајно болна и емотивна тема, и за неа ретко зборува.
Овој немил настан пејачката, судејќи по претходните изјави, го смета за рана која се уште не е целосно зарасната.
Недељко и Борка Михајловиќ, родителите на Александра, не успеаа да опстанат во бракот а Александра во една прилика за српски Блиц откри и како се одвивала нивната комуникацја по разводот:
– Нема ништо потешко. Поточно, моите родители имаат убав однос по разводот. Страдам затоа што отсекогаш сум имала желба моето семејство да биде заедно. Никогаш нема да биде исто, секогаш замислувам како се заедно – изјави Пријовиќ за „Блиц“.
Исто така, Александра е многу благодарна на своите родители, но никогаш не може да преболи дека нивната љубов избледе.
– Мајка ми работеше и пееше, одеше далеку од дома поради тезгите. Меѓутоа, бидејќи не сакаше да останам сама, таа се враќаше секој пат без разлика колку километри нејзиниот настап беше оддалечен од Бели Манастир. Таа се враќаше дома уморна за да биде со мене и тоа е нешто што сега многу го ценам. Горда сум на моите родители кои ми дадоа се во животот иако беа разведени. Тешко ми е и сега што двајцата не можеа да живеат заедно – додаде пред неколку години сопругата на Филип Живојиновиќ.