Роберт од Канал 5 со само една фотографија од плажа собра повеќе лајкови од разголените колешки

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот newz24live.

Бидејќи како што е ред, дамите генерелно имаат предност, па оттука водителките на утринската програма на Канал 5 телевизија редум една по друга истераа летен одмор, а колегата Роберт Јанков како единствено машко во екипата за пред камери, остана последен за августовски одмор.

Очекувано и разбирливо поразличен, не така активен во објавување фотки од тоа како ги минува слободните денови на море, Роберт предизвика внимание кај следбениците и коментари кај оние што го познаваат и тоа само со една фотографија.

Имено, Јанков кога се реши да влезе во вода да се осоли, тоа не го направи преку некој впечатлив скок во водата или пак со некоја провокативна фотка, напротив, неговата беше едноставна, но ултра впечатлива.

Водителот влезе да се искапе, ни повеќе ни помалку, туку со гума за пливање, реквизит и тоа од најголемите.

„Што е сигурно, сигурно“, „Ние пониските внимаваме на длабочината“, Уште не си научил да пливаш?“, беа само мал дел од коментарите кои се најдоа под објавата.

Вака или онака, Роберт си го тера меракот. Можеби и не е по пливањето, туку само онака лабаво опуштање, па и вака со гумата за пливање или само шлапкање и разладување во плиткото.

22 август 2025 - 10:46