Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Пејачката Марија Микиќ беше касната од магаре додека го галеше за време на снимањето на видеото за новата песна „Шта је живот“, кое го објави во понеделникот.
Бидејќи е многу активна на социјалните мрежи, каде што објавува моменти од секојдневниот живот „без филтри“, таа самата го сподели видеото на својот Инстаграм профил, со урнебесен опис што предизвика лавина од коментари.
„Нешто вакво може да ми се случи само мене! Додека снимавме, се приближив до магаре полно со љубов и ентузијазам, а тој ме касна! И тоа сериозно. Ако внимателно ја слушате снимката, можете да чуете како навистина вреснав. Сè уште боли, но барем имаме легендарно видео“ – напиша таа, а потоа додаде:
„Искрено, што се однесува до мене, ова е слика и прилика на вистинската Марија Микиќ. Уште еднаш, се извинувам на мојот ПР тим, но колку побрзо ме прифатите онаква каква што сум – толку полесно ќе ви биде!“ – сподели пејачката.
П.С. Магарињата добија моркови и храна колку што им посакуваше срцето.