Ноле со гаќи од 25 евра

Еден пар гаќи кои ги носи познатиот спортист чинат од 25 до 58 евра и се од брендот „Bjorn Borg” кој го носи името на легендарниот шведски тенисер и некогашен прв рекет во светот.

Борг неодамна изјави дека му се восхитува на Новак и дека тој е новиот крал на белиот спорт, па можеби токму затоа Ноле реши да носи долна облека со неговото име.

И додека Ѓоковиќ срамежливо ги крие гаќите, неговите колеги спортисти на големо се сликаат во долна облека за Армани, Келвин Клајн и Долче и Габана. Кој знае можеби Ноле наскоро ќе се предомисли, па ќе го видиме како рекламира некој бренд на долна облека.

5 април 2014 - 12:19