Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Инфо.мк.
Фолк-пејачката Сузана Гавазова е на летување на островот Миконос, со сопругот Јасмин и ќерките Емили и Селена. Таа се пофали дека ужива со семејството и објави неколку фотки и видеа на Инстаграм. Во бикини со дезен со американски долари, Сузана пак го привлече вниманието на социјалните мрежи. Едни коментираат дека изгледа топ, а имаше и такви што забележаа дека ѝ изгореле градите од сонцето.
„Не си се намачкала убаво со фактор, ти поцрвенеле градите“, велат фановите.
Гавазова постојано објавува провокативни слики во бикини на своите профили, а нејзините следбеници често знаат да кажат дека е најзгодната пејачка во Македонија.