Марија Луиса и се „с’сна“ на Агнеса

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.

Нова вербална војна изби на македонската јавна сцена… Нема да кажеме „естрадна“ зашто едната од двете женски во новозавојуваните страни баш и не и припаѓа на естрадата иако е позната и јавно експонирана личност. Онаа другата, со сигурност е естрадна „фолк кралица на бакшишот“.

Имено, во една своја изјава за најгледаниот естраден магазин „Бекстејџ“, за едни познатата македонска трендсетерка, за други инфлуенсерка, за трети само старлета – Агнеса Органџиева, објаснуваше зошто е популарна иако не е естрадна личност.

Патем, посочи дека (според на) естрада кај нас не постои, нема ниту добро облечена жена, нема самоуверена,нема со харизма, нема жена со ѕвезда…  „Ниту сум пејачка, ниту актерка, а сум популарна. Каде и да се појавам, луѓето ме гледаат како појава…“ – кажа меѓудругото русокосата.

Ова како да го „запали фитилот“ кај многу други дами од јавниот живот, но онаа чиј фитил испадна дека е некако „најкраток“ и  прв се запали, е македонската фолк пејачка Марија Луиса Тодоровска. Очигледно самоувереноста или самобендисаноста, зависи кој како ја толкува изјавата на Агнеса, а најмногу потценувањето на професијата која живот и значи на Марија Луиса, најмногу ја „зажеже“ атрактивната битолчанка, која реши експресно да и возврати.

До душа не вербално, туку написмено, ама затоа подеднакво „отровно и убиствено“ и тоа  преку социјалните мрежи… Така пејачката во своите Инстафрам приказни најпрвин  споделила парче од видеоизјавата на Агнеса, над кое напишала: „Пресмешно“,  додавајќи грст емотикони кои „плачат од смеење“.

Веднаш потоа Марија Луиса Тодоровска со „рафална стрелба“ од тешки зборови почнала да ја „решета“ кумановската трендсетерка или старлета!

„Кога ќе застанеш да плукаш и коментираш дека не постои естрада кај нас, треба да се запрашашдали е се’ во ред со тебе? Колку е подло да се дрзнеш и да плукаш некој кој го жртвува животот, некој кој поминал мал милион непреспиени ноќи, некој кој за секој празник е далеку од своето семејство, некој кој дава неброени пари за гардероба за секој настап да биде различен, за коса и професионална шминка, за опрема вредна колку таа цела и ‘нејзината’ кола. Многу ме интересира што за неа зачи добро стилизирана жена? Ако сфати што значи зборот: Стилизирана?

Патем, не дека ме погоди оваа нејзина изјава, би била навредена ако каже компетентна личност на темава“ – возвратила Марија, која не дека баш и не се нашла погодена, инаку зошто воопшто и би коментирала?

Како и да е фронтот е отворен, па сега се очекува русокосата (која за себе вели дека не е ниту пејачка, ниту глумица, ама е сепак многу популарна), да го возврати ударот! Дали Агнеса ќе се одлучи на „пинг-понг“ преписка или нова вербална доза „тешки муабети“? Или пак, ќе остане нема и ќе премолчи,  без дополнително да и врати и предочи на Марија Луиса  свое мислење за неа и нејзината професија, засега останува енигма?

Од друга страна, дали битолската пејачка со скопска адреса ќе застане тука или ќе има и продолжение на нејзиното писание и ќе излезе со нова теза, зависи од реакцијата на Агнеса? Но, интересно е и тоа дали Марија ќе ја добие поддршката од фелата, па естрадната „војна“ ќе се разгори и добие и пошироки размери?

Во секој случај едно е сигурно: Во јавниот живот никогаш не е „мирно“, а ни здодевно!

29 мај 2024 - 13:45