Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Тера ТВ.
Додека сите го прославуваа денот на жените низ рестораните во Битола, една битолчанка имаше повеќе причини за прославување.
На денот кога стана полнолетна, Сара Николовска, си доби на поклон автомобил.

Нејзиниот вујко Јован Бошковски се одлучи да и приреди изненадување и и купи опел тигра.
Овој 8- ми март за Сара беше поинаков и ќе и остане уште долги години во сеќавање, а ние и посакуваме внимателно да вози низ битолските улици.