Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Од фотографијата подолу дознаваме кој е омилениот филм на манекенката Моника Зарапчиева.

Црнокосата убавица Моника Зарапчиева вчера (25.04) беше уловена како прави стомачни вежби среде улица. Младата манекенка очигледно има авантуристички дух и жед за адреналин.
Нејзиното извајано тело изгледа е резултат на напорни тренинзи, па таа покрај дома вежба и за време на ноќните излегувања.
Сепак следниот пат ќе ја советуваме тоа да го прави на посигурно место, без разлика колку оваа сцена и да ни е слатка и не потсетува на филмот „The Notebook“, каде Али и Ноа лежат среде раскрсница. Дали нашата Моника има некој „Ноа“ се надеваме ќе дознаеме во некоја наредна пригода!
