Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Калимеро.
Светскиот пребарувач „Google“, кој наводно вреди 300 милијарди долари, всушност многу едноставно може да се направи и за 5 евра. Оваа информација произлегла од анонимни експерти за изработка на интернет страници, пренесува „istokpavlovic.com“
Имено, според зборовите на експертите, сајтот „Google“ се состои од една фотографија во „img tag“, а сето ова може да се направи во програмскиот јазик HTML по цена од 5 евра, нешто што знае да го направи секој програмер на сајтови.
Меѓутоа, во официјалните документи стои дека компанијата „Google“ вреди 290 милијарди долари.