Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Плус Инфо.
По победата на овогодинашниот Евросонг, австрискиот претставник Кончита Вурст стана апсолутен хит. Ликот кој го осмислил Томас Том Нојвирт (25) како свое алтер его за настапи го залуде светот.
Досетливите трговци си поиграле со зборовите и направиле салама со ликот на Кончита.
Уметничкото презиме на Кончита - „Вурст“ на германски значи колбас, а досетливите трговци одлучиле да си поиграат со нејзиниот лик, па ѝ направиле и личен колбас.
Доказот за тоа се наоѓа во Германија, каде еден месар осмислил салама со лик на контроверзниот травестит. Овој колбас се состои од свинско и од телешко месо, а цената изнесува 1,5 евра за 100 грама.