Домашна крема за зголемување на градите

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Пулс24.

Овој рецепт можете да го подготвите во вашиот дом. Голем број на креми за зголемување на градите содржат штетни хемикалии, но кога кремот го подготвувате сами, тогаш знаете што употребувате и ќе бидете сигурни дека е здрав.

Со употреба на овој крем навистина можете да успеете да ги зголемите градите, можеби ќе ви треба подолго време за да се одлучите на овој чекор, но сè е едноставно за подготвување.

СОСТОЈКИ

  • свежи растенија: пискавец, семки од ким, сереноа, бенедиктански трн
  • вотка

Исто така потребни ви се и блендер, стаклена тегла за конзервирање и шишенце со пипета.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА

Ставете ги растенијата во блендер и убаво измешајте ги. Потоа додадете ги во стаклената тегла. Додадете ја вотката, така што ќе биде 3 цм над нивотот на растенијата. Затворете ја теглата со капак и чувајте ја 40 дена на темно и суво место. На секои три дена протресете ја теглата.

Течноста од лековитите растенија процедете ја низ газа, а потоа ставете ја во шишенцето со пипета. Тоа може да трае неколку години. Со употреба на пипетата ставете една капка на лажица лосион, убаво измешајте и масирајте ги градите. Правете помали количини од овој крем, бидејќи можете да го користите само една недела. Најдобро е течноста да ја мешате со лосион баш во моментот кога планирате да нанесувате. Измешајте мала количина и веднаш потрошете ја.

Овој крем одлично делува бидејќи растенијата се ферментирани и нанесени директно на градите. Тоа е најбрзиот начин да ги внесете во своето тело, освен да ги јадете. Првите резултати ќе ги забележите за 4-8 недели.

Започнете веднаш!

22 септември 2021 - 15:35