Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот MKD News.
За поголем дел од овие митови сте слушнале, но дали знаете дека се засноваат на вистински случки? Изразот “ќе те земе бабарога” ќе добие сосема друго значење…
Зелениот човек, односно Чарли без лице - Доколку престојувате во Пенсилванија и прашате за оваа урбана легенда, ќе наидете на интересен одговор. Приказната е базирана на вистинска личност, односно Рејмонд Робинсон кој се здобил со сериозни повреди од удар на струја додека бил дете.
По инцидентот, останал без очи, нос, уши и едно рамо. Неговата кожа била толку оштетена и имала чуден сјај, поради што го нарекувале Зелениот човек.
Игнориран од целиот свет, Рејмонд излегувал и шетал само навечер, бидејќи само тогаш можел да прошета без да предизвика масовна хистерија.
Бабарога - “Биди добар или ќе те земе Бабарога”, е реченица со која родителите често ги плашат своите деца. Иако се верува дека овој лик е измислен, забележан е еден страшен случај во Америка.
Вампири кои јадат масти - Легенда која постои долги години во село во Перу. Локалното население ги пренесувало приказните за вампирите кои ги киднапирале туристите и го оставале “исушени”, односно без масти. Се воспоставило дека “вампирите” се луѓе кои човековата маст ја продавале на црниот пазар.