Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
60 мин.
Вкупно време:
1 ч. 10 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 200гр. тиква, излупена и исецкана
- 3 домати исечени на четвртинки
- 2 главици црвен кромид исечен на кришки
- 60мл. маслиново масло
- 4 тортиљи
- 1 лажица ситно сецкано луто пиперче
- 1 лажица сок од лимета
- 1 авокадо, исецкано
- 100гр. фета сирење
Макало
- 200мл. домати, излупени и исецкани
- 1 главица кромид
- 1 лута пиперка
- 2 лажици ситно сецкан кориандер
- 2 лажици маслиново масло
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете со хартија поголем плех. Поставете ја тиквата, доматите и кромидот во плехот. Зачинете ги со 1 лажица масло, сол и бибер. Печете ги 1 час додека да омекнат. Извадете ги и оставете да се изладат.
Загрејте ги тортиљите во рерната 2-3 минути.
Измешајте во сад луто пиперче, сок од лимета и остатокот од маслото. Додадете сецкано авокадо и промешајте.
Во чинија за сервирање поставете топла тортиља. Додадете од салатата од авокадо и печениот зеленчук. Најгоре изронете фета сирење.
Послужете ги тортиљите топли со макало од ситно сецкани домати, кромид, кориандер и луто пиперче, зачинети со маслиново масло и сол и бибер по вкус.