Од рецептите на Весна

Тортиљи со ореви, лук и сирење

Солена торта од тортиљи.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
25 мин.

Порции

12 лица

Состојки

  • 8 тортиљи (може и повеќе)
  • 8 лажици рендано сирење
  • 2-3 чешниња лук, ситно сецкан
  • 8 лажици мелени ореви
  • масло
  • сол

Подготовка

Оригиналниот рецепт се приготвува со палачинки, но кога немате многу време можете да употребите тортиљи.
За да ја подготвите тортата користете калап за пандишпан за торти кој што се отвора или некоја подлабока тава.
Во сад измешајте ги оревите со ситно сецкан лук и рендано сирење.
Ставете најдолу една тортиља. Премачкајте ја со масло. Со лажица наронете од мешавината од ореви, лук и сирење. Продолжете со редење на тортиљи додека имате состојки.
Накрај завршете ја тортата со тортиља, премачкајте ја со масло и наронете малку лук и ореви без сирење. Печете ја тортата кратко, околу 10 минути. Кога ќе добие светло кафеава боја извадете ја од рерна за да не се пресушат тортиљите. Ако сакате можете малку да ја притиснете тортата од тортиљи одозгора за да се залепи растопеното сирење.
Покријте ја топлата торта неколку минути со кујнска крпа пред да ја послужите.
Сечете ја солената торта на триаголници и послужете ја топла.

Рецепт на г-ѓа Весна Рохр

ФБ: Со љубов, за вас

13 јуни 2013 - 07:00