Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
60 мин.
Вкупно време:
1 ч. 15 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 7-8 зелени пиперки
- 500 гр. сирење
- 1 кисела павлака
- 2 јајца
- 1 кг. компири
- 1 чешне лук
- магдонос
- сол и бибер
Подготовка
Измијте ги пиперките и очистете ги од семето.
Изронете го сирењето во еден сад со помош на вилушка. Измешајте го со јајца, павлака, многу ситно сецкан лук и магдонос и зачинете со сол и бибер.
Полнете ги пиперките со добиената смеса и наредете ги во тава за печење. Покрај пиперките наредете компири исечени на парчиња. Посолете и ги компирите и испрскајте ги со малку масло. Печете ги еден час во загреана рерна на 180 – 200 степени.
Послужете ги со свежа салата по избор.