Брз ручек

Пица тортиљи

Необичен начин на подготвување на пица. 

Време на подготовка:
5 мин.

Време на готвење:
8 мин.

Вкупно време:
13 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 8 тортиљи
  • 500 гр. моцарела
  • 250 мл. сос од домати
  • 28 парчиња кулен
  • оригано

Подготовка

Загрејте една тава на средна температура. Половина од моцарела сирењето распоредете го над четири тортиљи, и потоа поклопете ги одозгора со преостанатите четири тортиљи. Ставете ги сендвичите од тортиљи еден по еден во загреаната тава и печете 2-3 минути само од едната страна. Извадете ги тортиљите и свртете ги од печената страна. Намачкајте ја секоја тортиља со доматен сос, посипете оригано и распоредете го куленот и моцарелата. Така наредените тортиљи печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 3-4 минути додека не се стопи сирењето. Добар апетит!

16 ноември 2012 - 07:00