Повторно нешто италијанско

Пица ролат

Една од многуте варијанти на тестенини со кашкавал, салама и печурки.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
50 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 7 готови кори
  • 2 јајца
  • 1 кисела павлака
  • 200 гр. шунка
  • 250 гр. кашкавал
  • 250 гр. печурки
  • 2 дл. кечап
  • 1 лажица масло
  • сол
  • оригано

Подготовка

Изрендајте го ситно кашкавалот, а шунката исецкајте ја на ситни парчиња или изрендајте ја по желба. Печурките пропржете ги на среден оган во тавче со една лажица масло и зачинете ги со сол.
Поставете ја првата готова кора и оставете ја празна.
Врз неа поставете ја втората кора и врз неа намачкајте половина од кечапот и посолете со малку оригано.
Поклопете ја третата кора и врз неа изронете го половина од ренданиот кашкавал.


Врз неа поставете ја четвртата кора и распределете ја целата шунка рамномерно.
Измешајте ги јајцата со павлаката и две третини од смесата намачкајте ги врз петтата кора.
Врз шестата кора распределете ги печурките. Поставете ја последната седма кора и намачкајте ја со останатата половина од кечапот и половината од кашкавалот.

Замотајте ги корите во ролат. Поставете го ролатот во тавче намачкано со малку масло и обложено со хартија за печење.

Намачкајте го ролатот со остатокото од смесата од јајце и павлака и печете го, посолете го со оригано и печете го во загреана рерна 30 минути на 200 степени.
Послужете го веднаш.


Пријатен апетит.

21 јуни 2012 - 20:25