Брускети

Пица брускети

Препечени лепчиња со салама, маслинки, домати и печурки.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1 црвена пиперка
  • 100гр. домати, излупени, без семе, ситно исецкани
  • 100гр. печурки испечени на скара
  • 75гр. салама
  • 50гр. маслинки без семки
  • 8 подебели парчиња стар леб
  • 1 чешне лук, ситно сецкан
  • 2 лажици маслиново масло

Подготовка

Загрејте ја скарата. Пресечете ја пиперката на половинки и извадете го семето. Ставете ја да се пече на скарата со лушпата надолу. Паралелно ставете ги да се испечат и печурките. По 10 минути ставете ја пиперката во пластична ќеса, врзете ја и оставете ја да одстои 10 минути.
Излупете ја и исецкакте ја на ситни парчиња. Исецкајте ги доматите, печените печурки, саламата и маслинките и измешајте ги со пиперката. Ставете ги парчињата леб на скарата и печете ги од двете страни додека да добијат светло кафеава боја.
Додека се уште жешки лепчињата премачкајте ги одозгора со ситно сецкан лук. Капнете по 1/2 лажица маслиново масло и поделете ја приготвената смеса врз секое лепче.
Послужете ги веднаш.
На здравје!

20 мај 2013 - 16:09