Летен прилог

Печени домати

Зачинети печени домати како совршен прилог на летен ручек.

Време на подготовка:
5 мин.

Време на готвење:
120 мин.

Вкупно време:
2 ч. 5 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 4 поголеми домати
  • сол
  • бибер
  • 2 чешниња лук
  • 1 1/2 лажичка рузмарин
  • 2 лажици маслиново масло

Подготовка

Загрејте ја рерната на 120 степени.
Измијте ги доматите, пресечете ги на половинки и наредете ги во еден плех обложен со хартија за печење. Зачинете ги доматите со сол и бибер. Распределете рамномерно врз секоја половинка ситно исецкан лук и рузмарин. Прелијте ги доматите со малку маслиново масло.
Печете ги на многу слаб оган околу 2 часа.
Послужете ги доматите топли зачинети со уште некоја капка маслиново масло.

10 август 2012 - 07:00