Време на подготовка:
5 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
25 мин.
Порции
2 лица
Состојки
- 500 гр. зелена боранија
- 4 чешниња лук
- 50 мл. вода
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лажичка мајчина душица
- 1/2 лажичка рузмарин
- 2 лажички сенф
- сол и бибер
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Наредете ја боранијата во плех за печење. Додадете 4 чешниња лук, ситно исецкани, 50 мл. вода и 1 лажица маслиново масло.
Печете ја боранијата 20 минути.
Префрлете ја во сад за сервирање и измешајте ја со рузмарин, мајчина душица и сенф. Зачинете со сол и бибер по вкус.
Пријатен апетит!