Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
50 мин.
Вкупно време:
60 мин.
Порции
2 лица
Состојки
- 1кг. карфиол
- кари
- маслиново масло
- сол
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Искршете го карфиолот на мали парченца. Внимавајте да биде поделен на парчиња со иста големина бидејќи нема да се зготви рамномерно. Ако го поделите на поситни парчиња ќе биде покрцкав.
Ставете го карфилот во голема тава за печење и прелијте го со маслиново масло. Зачинете го со сол и кари по ваш вкус. Внимавајте карфиолот да биде во еден ред во тавата.
Покријте ја тавата со фолија и печете го 10-15 минути додека да омекне. Потоа тргнете ја фолијата и печете го дополнителни 35 минути додека да добие светло кафеава боја. Додека се пече повремено внимателно промешајте го.
Пред да го послужите додадете уште малку сол.
На здравје!