Вегетаријански доручек

Палента со тиквици и пченка

Вистинско летно уживање, лесно за приготвување и лесно за јадење.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
35 мин.

Вкупно време:
50 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 220 гр. палента
  • 150 гр. сирење
  • 2 лажици масло
  • 2 тиквици
  • 200 гр. пченка
  • 2 чешниња лук
  • 2-3 лажици свеж босилек, ситно сецкан
  • сол и бибер

Подготовка

Сварете ја пченката во тенџере со вода додека да омекнат зрната. Потоа оставете ја на страна.
Зовријте 1 литар вода со една лажичка сол во поголемо тенџере на среден оган. Намалете ја јачината на ринглата и додадете ја палентата со постојано мешање.
Гответе ја палентата додека да згусне. При крај на готвтењето, раздробете 120 гр. сирење со вилушка и додадете го во палентата.
Во меѓувреме загрејте масло во тава на среден оган. Исечете ги тиквиците на тенки кругови. Пржете ги тиквиците околу 5 минути додека да омекнат. Потоа додадете ја пченката и ситно исецкан лук и гответе ги уште некоја минута.
На крај додадете го босилекот и сол и бибер по вкус.
Поделете ја палентата во четири чинии. Врз палентата додадете ја мешавината од тиквици и пченка. Декорирајте со остатокот од сирењето и послужете го јадењето топло.
Пријатен апетит!

21 јули 2012 - 07:00