Морска храна

Ориз со ракчиња

Специјалитет од ракчиња и јајца.

Време на подготовка:
25 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 2 1/2 лажици сончогледово масло
  • 3 јајца изматени со вилушка
  • 2 мали лути пиперчиња, исецкани без семе
  • 6 главици млад кромид, исецкан ситно
  • 2 чешниња лук, исекан
  • 400гр. ракчиња
  • 200гр. ориз
  • 80мл. соја сос
  • 2 лажици благ чили сос
  • 120гр. замрзнат грашок
  • кориандер и лимета за сервирање

Подготовка

Сварете 200 грама ориз во тенџере со 500мл. вода, 20 минути.
Во меѓувреме загрејте 1/2 лажица масло во тава на средно-силен оган. Испржете ги јајацата со мешање, 1-2 минути, за да добиете кајгана. Потоа извадете ги јајцата од тава.
Додадете го остатокот од маслото во тава и пржете ги лутите пиперчиња, кромид и лук 1 минута. Додадете ги ракчињта и пржете ги 2-3 минути. Вратете ги јајцата во тавата заедно со ориз, соја сос, чили сос и грашок. Пржете ги уште 5 минути.
На крај додадете сецкан кориандер, промешајте и сервирајте го овој специјалитет со парчиња лимета.

23 март 2013 - 11:10