Вкусно предјадење

Ориз со јајца

Рецепт за пржен ориз со јајца, шунка и зеленчук.

Време на подготовка:
30 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
50 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 3 1/2 лажици масло
  • 220 гр. шунка, ситно сецкана
  • 1 кромид, исецкан
  • 1 чешне лук
  • 300 гр. замрзната мешавина од морков, грашок и пченка
  • 650 гр. ориз
  • 2 јајца
  • 3 лажици соја сос

Подготовка

Сварете ја мешавината од моркови, грашок и пченка според упатството на ќесата во тенџере со вода, или на пареа.
Во исто време сварете го оризот во тенџере со вода и сол по желба.
Загрејте 1/2 лажица масло во тава на среден оган и пропржете ја исецканата шунка, додека да добие светло кафеава боја. Потоа префрлете ја шунката во чинија.
Додадете 1 лажица масло во тавата и пржете го сецканиот кромид 4-3 минути со повремено мешање. Потоа додадете го сецканиот лук и сварената мешавина од моркови, грашок и пченка. Гответе го зеленчукот 3 минути со постојано мешање.
Префрлете го зготвениот зеленчук во чинијата со шунката.
Додадете 1 лажица масло во истата тава на среден оган и додадете го половина од сварениот ориз. Пржете го 4 минути со постојано мешање со дрвена лажица, па додадете го во чинијата со зеленчук и шунка.
На крај додадете уште една лажица масло. Додадете го остатокот од оризот и пржете го 4 минути. Потоа со лажицата префрлете го оризот на едната половина од тавата. На втората половина додадете 2 јајца изматени со вилушка. Испржете ги јајцата со постојано мешање додека да добиете кајгана.
Потоа измешајте го оризот со јајцата па додадете ги сите предходно испржени состојки од чинијата. Додадете 3 лажици соја сос и се добро измешајте.
Послужете го оризот веднаш.
На здравје!

31 август 2012 - 14:25