Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
45 мин.
Вкупно време:
1 ч. 5 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 1 кг. компири
- 250 гр. кашкавал
- 20 мл. кисела павлака
- сол и бибер
Подготовка
Измијте ги и излупете ги компирите. Исечете ги на парчиња и варете ги во тенџере со вода со малку сол. Кога компирите ќе се напола сварени исцедете ги од водата, зачинете ги со уште малку сол и бибер и половина од нив ставете ги во огноотпорна тава намачкана со масло. Врз компирите изрендајте го кашкавалот па додадете ги останатите компири. Прелијте ги компирите со кисела павлака.
Печете ги 45 минути во загреана рерна на 180 степени.