Време на подготовка:
2 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
25 мин.
Порции
4-6 лица
Состојки
- 220 гр. кисела павлака
- 1 лажичка сенф
- 1 лажичка мајчина душица
- 230 гр. рендано моцарела сирење
- 350 гр. рендан кашкавал
- 5-6 лажици свеж ситно сецкан босилек
- 1 домат, исецкан
- ливчиња босилек за декорација
- препечен француски багер или брускети
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во длабок сад измешајте ја павлаката со сенф, мајчина душица, моцарела, кашкавал и босилек. Префрлете ја смесата во огноотпорен сад. Печете ја смесата од сирење 15 минути во загреаната рерна, додека да се растопи. Потоа зголемете ја јачината на рерната и запечете го сирењето уште 2-4 минути за да добие златно жолта боја.
Извадете го од рерна садот со сирење, додадете сецкан домат и ливчиња босилек и послужете го со препечени парчиња багет лепче или брускети.