Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
5 мин.
Вкупно време:
15 мин.
Порции
2 лица
Состојки
- 300 гр. мешавина од зелен лиснат зеленчук (марула, рукола, спанаќ...)
- 2 лажици свеж магдонос, ситно сецкан
- 100 гр. моцарела сирење
- 3-4 парчиња пршута
- бибер
- доматен оцет
Доматен оцет
- 100 гр. чери домати
- 50 мл. вински оцет
- 1 чешне лук
- 1 лажичка сенф
- 50 мл. маслинов зејтин
- сол и бибер
Подготовка
За да го подготвите доматниот оцет ставете ги исецканите домати, оцет, лук, сенф, сол и бибер во блендер и добро измешајте ги. На крај полека додавајте го маслиновото масло и продолжете со мешање додека да добиете хомогена смеса.
Измијте го зелениот лиснат зеленчук под силен млаз вода. Оставете го во цедилка да се исуши пред да ја подготвите салатата.
Исецкајте го зеленчукот во длабок сад за сервирање. Додадете сецкани парчиња пршута и сецкана моцарела. Прелијте ја салатата со 1-2 лажици доматен оцет. Промешајте ја и зачинете ја со мелен бибер по вкус.