Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
30 мин.
Вкупно време:
45 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 800 гр. сварена и процедена леблебија
- 350 гр карфиол
- 3 мали домати
- 100 гр. ореви, ситно сецкани
- 2 мали главици кромид
- 1 китка магдонос, крупно сецкан
- 2 лажици кориандер
- сок од 1 лимон
- 2 лажици маслиново масло
- сол и бибер
Подготовка
Сварете ја леблебијата во длабоко тенџере со вода додека да омекнат зрната. Потоа процедете ја.
Измешајте ја леблебијата во блендер додека да добиете крупно сецкана смеса. Префрлете ја леблебијата во длабок сад. Одстранете ги дршките од карфиолот и со раце издробете го на ситни парчиња. Додадете ги сите преостанати состојки. Зачинете со сол и бибер по вкус и добро измешајте.
Оставете ја салатата 15 минути да одстои за да се впијат сите вкусови. Потоа послужете ја со лепче печено на тост или брускети.
На здравје!