Време на подготовка:
30 мин.
Време на готвење:
25 мин.
Вкупно време:
55 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 1/2 главица црвен кромид, исецкан на тенки парчиња
- 2 помали црвени пиперки, исецкани без семки
- 330гр. стар леб исечен на коцки од околу 3см.
- 100мл. маслиново масло
- 1 чешне лук, исецкан
- 3 филети инчуни, исецкани (од конзерва)
- 1 луто пиперче, ситно исецкано
- 60мл. црвен вински оцет
- 200гр. чери домати
- 5 домати крупно исецкани
- 50гр. црни маслинки
- 2 краставици, исецкани на парчиња
- 2 лажици ситно сецкан босилек
Подготовка
Измешајте го кромидот со една лажичка сол во мал сад и прелијте го со вода. Оставете го да одстои 20 минути па процедете го.
Во меѓувреме загрејте ја рерната на 200 степени. Премачкајте еден плех со масло и ставете ги црвените пиперки да се печат околу 15 минути. Потоа излупете ги и исецкајте ги. Ако имате електрична скара можете да ги испечете на неа.
Поставете го лебот, исечен на коцки во еден плех. Прелијте го со масло и зачинете го со сол и бибер. Печете го околу 10 минути во рерната. Повремено промешајте го. Потоа оставете го да се излади и префрлете го во голема чинија за сервирање.
За да го приготвите преливот измешајте во мал сад лук, инчуни, луто пиперче, оцет и 1/2 лажичка сол. Измешајте ги добро и потоа постепено додадете го маслиновото масло.
Со раце притиснете ги чери доматите за да распукаат и наредете ги врз лебот во чинијата за сервирање. Додадете го кромидот, печените пиперки, домати, маслинки, краставици и босилек. Одозгора додадете го преливот и добро промешајте.
Пријатен апетит!