Сакате месено?

Пирошки со пилешко месо

Дали знаевте дека полнетите пирошки се по потекло од Шпанија? Таму почнале да ги приготвуваат некаде околу 1520 година како варијанта на Арапските пити полнети со месо или зеленчук.

Време на подготовка:
50 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
1 ч. 30 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 650 гр. брашно
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 1/2 лажичка сол
  • 50 гр. шеќер
  • 6 лажици ладна вода
  • 220 гр. путер, исечен на мали коцки
  • 1 лажица павлака
  • 1 жолчка од јајце

Фил

  • 600 гр. пилешки гради, исечени на мали коцки
  • 100 гр. компир, исецкан
  • 100 гр. морков, исецкан
  • 100 гр. грашок
  • 50 гр. суво грозје
  • 1 бел кромид, ситно исецкан
  • 4 чешниња лук, испасиран
  • 2 лажички шеќер
  • 2 лажици соја сос
  • 50 мл. вода
  • сол и црн пипер
  • масло

Подготовка

Во тава додадете малку масло и пропржете ги лукот и кромидот. Додадете го пилешкото и продолжете со пржење додека да добие златно жолта боја. Потоа додадете компири, моркови, соја сос, сол и црн бибер. Добро измешајте ја смесата и продолжете со готвењето уште 2 минути. На крај додадете суво грозје, грашок и шеќер и гответе уште 2 минути. Одстранете ја тавата од рингла и оставете ја смесата да се излади.

Во сад измешајте брашно, шеќер, прашок за пециво и сол. Потоа додадете путер и почнете со месење на тестото постепено додадавајќи вода. Откако тестото ќе се формира, разделете го на околу 15 топчиња и оставете го да отстои 30 минути.

Со сукало развлечете го секое топче од тестото во форма на мини пица. Ставете на средина по 2-3 лажици од предходно подговтената смеса со пилешко месо. Преклопете го тестото на половина и добро притиснете ги рабовите за да се залепат. По желба можете и малку да ги подвиткате навнатре.

Изматете една жолчка од јајце и една лажица павлака и со оваа смеса премачкајте ги пирошките.

Ставете ги пирошките во тава и печете ги во предходно загреана рерна на 200 степени околу 20 минути, додека да добијат златно жолта боја.

Послужете ги топли.

3 јуни 2012 - 07:00